Замена и враќање
Ако бројчето не одговара? Не е никаков проблем.
Ние во Kikolino сакаме да бидете 100% заљубени во секое парче што ќе пристигне во вашиот дом. Доколку сепак се случи големината да не одговара или едноставно да се премислите, процесот на замена го направивме брз и едноставен.
Имате цели 15 дена за одлука.
Имате право да го замените производот или да ги вратите средствата во рок од 15 дена од моментот кога сте ја примиле нарачката.
Услови за враќање на производот
Бидејќи нашата облека ја носат најмалите и најнежните, хигиената и чистотата ни се апсолутен приоритет. За да можеме да извршиме замена или враќање, ве молиме производот да ги исполнува овие услови:
- Да не е носен или перен.
- Да биде вратен во оригиналната Kikolino кутија, заедно со сите етикети и ознаки - без да бидат откинати.
- Да нема физички оштетувања, мириси или било какви траги од користење.
Напомена: доколку враќате производ кој бил дел од готов „Подарок-сет“, сетот мора да се врати комплетен - со сите делови во него.
Доколку производите не ги исполнуваат овие критериуми, за жал нема да можеме да ја прифатиме замената и ќе мора да ги вратиме на вашата адреса.
Како да направите замена?
За друг број или модел - процедурата е многу едноставна:
- Пишете ни краток е-маил на kikolino.kids@gmail.com (или на нашиот Инстаграм/Вибер) со бројот на вашата нарачка и бројчето што ви треба.
- Го испраќате производот назад до нашата адреса преку карго служба по ваш избор.
- Штом производот стигне кај нас и го прегледаме, веднаш ви го праќаме новото бројче или модел.
Важно: трошоците за карго при замена (кога се менува број или модел по ваша желба) ги покрива купувачот. Доколку ние сме направиле грешка при праќањето, целиот трошок паѓа на наш товар!
Процедура за враќање средства
Доколку сакате целосно да го вратите производот и да ги добиете парите назад:
- Пишете ни на kikolino.kids@gmail.com.
- Откако ќе ја вратите пратката и ќе потврдиме дека е во неносена состојба, веднаш го започнуваме процесот.
- Парите се враќаат исклучиво на трансакциска сметка која ќе ни ја наведете, во рок од најмногу 7 работни дена.
Оштетување при транспорт
Ако при отворањето на пратката забележите дека нешто е оштетено додека патувало со каргото - ве молиме веднаш сликајте го и контактирајте нѐ. Kikolino ја презема целосната одговорност и ќе ви испрати нов, неоштетен производ, без никакви дополнителни трошоци за вас.
Тука сме за вас и вашите малечки.
Пишете ни за било каква дилема или помош при купувањето. Со задоволство ќе бидеме дел од вашиот избор.