За нас

За малите луѓе и нивните големи авантури.

Детството е полно со боја, движење и моменти што сакаме да ги паметиме. Во Kikolino внимателно избираме облека, играчки и додатоци за тие мали, големи денови, со грижа за децата и разбирање за родителите.

Две деца во сини карирани комплети лежат на тревата
Мало дете со шешир и маица со јагоди меѓу цвеќиња

Нашиот поглед на детството

Тие имаат поважна работа. Да бидат деца.

Да трчаат, да истражуваат, да се извалкаат со сладолед и да ја започнат истата игра по десетти пат.

  • Насмеано дете со капа во облик на мече
    да трчаат
  • Девојче со марама седи на гајби со овошје
    да истражуваат
  • Девојче со кадрава коса јаде сладолед
    да се извалкаат со сладолед
  • Две деца се одмораат на шарени пливачки
    истата игра по десетти пат

Веруваме дека облеката треба да им остави простор за сето тоа. Затоа бараме парчиња што се пријатни за носење, лесни за комбинирање и подготвени да го следат нивниот ден.

Ги сакаме боите, љубопитноста и малите несовршености што го прават детството толку убаво.

Крупен кадар од сина карирана кошула
Новороденче спие во мек комплет

Внимателен избор

Зад секое парче има внимателен избор.

Гледаме како се чувствува материјалот, како е изработено парчето и колку лесно ќе најде место во детското секојдневие. За вас изборот да биде поедноставен, а за нив носењето попријатно.

  • Мекост што се чувствува

    Обрнуваме внимание на составот, текстурата и чувството на материјалот на допир. Бидејќи убавото парче треба да биде и пријатно за носење.

  • Удобност за нивниот ден

    Бираме кроеви што оставаат простор за движење, игра и истражување, од првите мали чекори до следната голема авантура.

  • Комбинации без многу мислење

    Избираме парчиња што лесно си одговараат. За прошетка, роденден или обичен, убав ден, помалку двоумење пред плакарот.

Пакување

Грижата се гледа во деталите.

Вниманието што го посветуваме на изборот на парчињата продолжува и во пакувањето. Се грижиме секоја нарачка да пристигне кај вас убаво и уредно спакувана.

Kiki, маскотата на Kikolino, држи завиткан пакет

Купување со помалку грижи

Вие избирате. Ние сме тука да помогнеме.

Од првото прашање до пристигнувањето на пакетчето, сакаме купувањето во Kikolino да биде едноставно и пријатно.

  • Бесплатна достава

    Вашето пакетче пристигнува без дополнителен трошок за достава.

  • Плаќање при преземање

    Плаќате во готово кога ќе ја добиете нарачката.

  • Помош со големината

    Се двоумите меѓу две големини? Пишете ни, ќе ви помогнеме со изборот.

  • Тука сме за вас

    За прашања, совет или замена, контактирајте нè преку Viber или Instagram.

Бебе во летен комплет кренато кон синото небо

Најмеката прегратка за твоето најмило.

Откријте ги парчињата што ги избравме со грижа, за денови полни со игра.